Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Дневен ред за 7. седница на Уставниот суд која ќе се одржи денеска во 9.30 часот

Уставниот суд денеска(22 февруари) ќе ја одржи 7. седница во 9:30 часот, со дневен ред на кој е предвидено да се расправа по четири иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права.

1. У.бр.22/2020 и У.бр.231/2020
Оспорен: Член 110 од Законот за Јавното обвинителство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.42/2020)
Содржина на оспорената одредба:
(1) Јавно обвинителство не може да го заснова обвинението врз основа на незаконски прислушувани материјали.
(2) Исклучок од ставот (1) на овој член се предметите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесени до надлежен суд до 30 јуни 2017 година согласно со Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
(3) Материјалите и транскриптите од материјалите од незаконски прислушуваните материјали за предметите покренати по 30 јуни 2017 година можат да се користат само како индиции и на нив не може да се заснова обвинителен акт или обвинителен предлог и истите не можат да бидат предложени и употребени како доказ во постапката по поднесениот обвинителен акт или обвинителен предлог.
(4) Материјалите од ставот (3) на овој член ќе се уништат во рок од три месеци по завршување на постапките по вонредни правни лекови на предметите од ставот (3) на овој член согласно со одредбите за уништување на материјалите од посебните истражни мерки утврдени со закон. Записниците за уништување се доставуваат до Jавниот обвинител на Република Северна Македонија.
Подносители на иницијативите: Здружението „Светски македонски конгрес“ од Скопје и Влатко Илиевски, адвокат од Скопје.
Според подносителот на иницијативата, здружението „Светски македонски конгрес“, членот 110 од Законот за Јавното обвинителство, вршел флагрантно кршење на основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со Уставот, го нарушувал владеењето на правото и не ги почитувал општо прифатените норми на меѓународното право (член 8 став 1 алинеи 1, 3 и 11), ја нарушувал еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите (член 9 став 2), ја повредувал неприкосновеноста на физичкиот и моралниот интегритет на човекот (член 11 став 1), со незаконито преземените јавнообвинителски и судски постапки и изречени притвори и затвори била повредена неприкосновеноста на слободата на човекот (член 12 став 1), на лицата кои биле притворени и казнети по назаконити докази им се повредувало уставното право „никој да не може да биде казнет за дело за кое пред да биде сторено не било утврдено со закон како казниво дело“ (член 14 став 1).Со втората иницијатива, поднесена од Влатко Илиевски, се оспорува член 110 став 2 од Законот за Јавното обвинителство, поради повреда на владеење на правото, член 9 став 2 – еднаквоста на граѓаните пред Уставот и законите, Амандман XIX на Уставот – неповредливоста на писмата и на сите други облици на комуникација и член 52 став 4 – забрана на ретроактивно дејство на законите од Уставот. Според подносителот, до поднесување на иницијативата сеуште не било докажано кој го наредил прислушувањето на материјалите кои биле искористени од страна на Обвинителството како доказен материјал за обвиненијата поднесени до судот до 30 јуни 2017 година. Легализирањето на незаконски прислушуваните разговори, селективно извадени од Обвинителството од содржината на стотиците илјади незаконски прислушувани разговори во период од осум години, претставувало груба повреда на правото на приватност и било во спротивност со критериумот „Неопходност во услови на демократско општество“ на кој упатува став 2 од Амандманот XIX на Уставот, затоа што не постоела пропорционалност со легитимната цел која требало да се постигне.

2. У.бр.106/2022
Оспорен: Член 101 став 1 алинеја 4 во делот „на овој член“ од Законот за прекршоците
Подносител: Игорчо Точев од Скопје.
Од наводите во иницијативата:
Според наводите во иницијативата, оспорената одредба од Законот, не била во согласност со уставното начело на владеење на правото уредено во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот. Во иницијативата се наведува дека членот 101 од Закoнот за прекршоците содржи 5 става, а само став 1 од истиот член, содржи четири алинеи. Според подносителот на иницијативата, делот „на овој член“ од алинеја 4 на став 1 од оспорената одредба, можело да доведе до заблуда во примената, поради што предлага Судот да го укине член 101 став 1 алинеја 4 во делот „на овој член“ од Законот за прекршоците.
3. У.бр.121/2022
Оспорен: Член 1 став 1 во делот: „(3) и (4)“ од Законот за дополнување на Законот за јавно здравје.
Подносител на иницијативата: Игорчо Точев
Од наводите во иницијативата:
Според подносителот на иницијативата оспорената одредба била во спротивност со начелото на владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија, загарантирано со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, со образложение дека во правниот промет мора да постојат јасни, прецизни и концизни норми. Во иницијативата се наведува дека оспорениот дел (3) и (4) од член 1 став 1 од Законот можел да доведе до забуна, несигурност и нејасности во примената на самата одредба како од оние кои ја применуваат така и од оние на кои се однесува.
4. У.бр.1/2023
Оспорени акти: Решение на Основниот граѓански суд Скопје од 12.01.2022 година и Решение на Апелациониот суд Скопје од 10.11.2022 година
Подносител на иницијативата: Ивана Талевска-Трендафилова, адвокатка од Скопје.
Од наводите во иницијативата:
Подносителката на иницијативата, како причини за оспорување на првостепеното решение наведува дека и покрај тоа што доверителот во судската постапка доставил докази за живеалиштето на должникот, судот истите ги цитирал, но не ги ценел, со што не го применувал член 137 од Законот за парнична постапка, а во однос на Решението на Апелациониот суд Скопје со кое се потврдува Решението на првостепениот суд, подносителот на иницијативата наведува дека судиите на Апелациониот суд Скопје утврдиле поинаква фактичка состојба и поради тоа смета дека истото требало да го укинат, а не да го потврдат. Поради наведеното, со иницијативата се бара оспорените решенија Уставниот суд да ги укине од причина што Основниот граѓански суд Скопје не го применувал член 137 од Законот за парнична постапка, додека пак, Апелациониот суд Скопје постапил спротивно на член 137 став 2 од Законот за парнична постапка.
У.бр.43/2022
Подносител на барањето: Анита Галевски од Битола, преку адвокат Кирил Михајловски
Оспорено: Решение од 17.02.2022 година од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Подносителката на барањето наведува дека е дискриминирана по основ на политичка припадност согласно член 110 став 1 алинеја 3 во врска со член 32 стаав 1 и став 2 од Уставот на Република Северна Македонија. Подносителката на барањето смета дека е дискриминирана бидејќи е второрангирана на конкурс за вработеување како фармацевтски техничар при ЈЗУ Клиничка болница Битола, на чијшто оглас бил избран шесторангиран кандидат.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Едни ќе треба да штедат, други се пред големи потези кои ќе им донесат пари – Кои знаци ќе имаат финансиски придобивки во април?

Овен (21.03 – 19.04): Овој месец можеби ќе треба да донесете некои важни финансиски одлуки. Одвојте време внимателно да ги оцените вашите опции пред да направите големи инвестиции. Бик (20.04… Прочитај повеќе

Величковски: Вучиќ и Курти за две минути би решиле прашање како тоа за внесувањето на Бугарите во Уставот

Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност… Прочитај повеќе

Продолжи кампањата „МВР за граѓаните“ – Преку партнерство меѓу полицијата и заедницата до зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење

Во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи преку претставници од Македонскиот полициски синдикат и секторите за внатрешни работи со своите оддели за превенција продолжија со активности во врска… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе