Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

СИТЕ СЕ ЛАЖНИ: Пријави за бомби во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ВИКЕНДОТ НОСИ УТРА ПОД НУЛАТА – Стабилно време до недела, потоа услови за дожд

ДЕСК

Објавувал видеа од серија на фејсбук – Ако се докаже вина ќе плаќа голема отштета за пиратерија

ДЕСК

ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА – Меѓу нив и двајца малолетници без положен испит

ДЕСК