20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Полицијата става ред во затворите (ВИДЕО)

Не е тајна дека во македонските затвори со децении може да се набави се’ и сешто на црно за одредена сума на пари.

Полицијата изминатиот период имаше повеќе успешни спречувања на обиди да се внесат нелегални предмети, за кои јавноста беше поединечно известувања.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден соопшти дека преку Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, а под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, спроведе координирана полициска акција во Казнено-поправната установа Идризово Скопје.

Од МВР информираа дека само вчера во акцијата беа извршени се претреси во КПУ Идризово, сѐ со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор.

– Постапувајќи по наредби за претрес, издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси во вкупно 14 ќелии и две соби во казнено-поправната установа, при што биле пронајдени: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена, велат од полицијата.

Ваквите акции беа поздравени од страна на граѓаните на социјалните мрежи.

Повеќе од акцијата во видеото: