13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Форумот на жени на СДСМ изразува згрозеност и шокираност од интервјуто на новинарот Драган Павловиќ Латас на youtube каналот на Стефан Лазаров, и згрозеност од реакцијата на јутуберот за искажаното насилство

Соопштение за јавност на Форумот на Жени на СДСМ

Најостро го осудуваме однесувањето на новинарот Латас и јутуберот Лазаров кон жената во општеството. Јавното промовирање и поддржување на сексуалното насилство и сексуалната злоупотреба е целосно неприфатливо и мора да подлежи на сакционирање.

Ваквото понижувачко, омаловажувачко, деградирачко третирање на жената мора да биде осудено од сите општествени чинители, и да се испрати јасна порака дека насилството врз жените е неприфатливо. Ги повикуваме институции во рамките на своите на надлежности да превземат мерки за санкционирање.

Го повикуваме јавното обвинителство согласно нивните законски овластувања да покрене постапка за утврдување на евентуална кривична одговорност.

Ги повикуваме новинарските здруженија, Советот за етика во медиуми да го осудат ваквото однесување и да го санкционираат новинарот Латас.

Ги повикуваме спонзорите на youtube каналот на Стефан Лазаров веднаш да престанат со финансиски поддршка на каналот, во спротивно ќе сметаме дека ја поддржуваат културата на насилство врз жените.

Форумот на жени на СДСМ смета дека секој облик на насилство врз жените е флагрантно кршење на човековите права и затоа бараме веднаш затворање на youtube каналот. Воедно ги повикуваме сите граѓани и граѓанки да ни се придружат во оваа иницијатива и да побараат затворање на овој канал.

Можеби ќе ве интересира

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

ДЕСК

Повеќемина повредени во тешка сообраќајка кај Меџитлија, откако форд излетал од патот

ДЕСК

(ВИДЕО) Миле Лефков со уште една прес конференција на истата тема: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ДЕСК