Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Бомбашот“ испразни десет училишта: Осум дојави за бомби во Скопје, две во Прилеп

Осум скопски и две прилепски училишта се мета на дојавите на бомби утринава. Полициски екипи за антитероризам веќе започнаа со проверки, а откако претходно, ги испразнија просториите од ученици и вработени.

„До 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 8 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Исто така, добиена е закана и во две училишта во Прилеп. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.

Дојавите за бомби траат веќе два месеци. Државата нема решение, а протоколите налагаат дека мора да се извршат антитерористички проверки. Досега сите дојави се покажаа за лажни.

Можеби ќе ве интересира

До крајот на работната недела сонце, а потоа промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Агресивно се однесувал кон полицајци – веднаш е приведен

ДЕСК

Отишол во полиција и побарал да му извадат уште една возачка дозвола – еве што му се случило потоа

ДЕСК