Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Казнети 149 возачи во Скопје: 64 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (19.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за нерегистрирани возила, четири за некористење сигурносен појас…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ДОКУМЕНТИРА СЛУЧАЈ: Скопјанец нападнат на подрачјето на Центар

ДЕСК