21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Ковачевски и Вучиќ за „Отворен Балкан“: Граѓаните сега без бариери можат да работат во која било од трите држави

Премиерот Димитар Ковачевски во Минхен на безбедносната конференција оствари средба со српскиот претседател, Александар Вучиќ. На состанокот беа споделени заложбите на Србија и Македонија за промовирање на регионална безбедност и развој на демократските општества за стабилен и просперитетен регион.

Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

На средбата, двајцата разменија мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и продолжувањето на соработката на регионален план и на тековните регионални иницијативи.

Функционерите го поздравија ратификувањето на Договорите кои произлегуваат од Отворен Балкан, со кои конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Спонзорирано: