Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пред еден месец излегол од затвор, па продолжил да „оперира“ – тинејџер од Штип фатен во кражба на „Зелен пазар“

Скопското обвинителство поднесе предлог за притвор против 19-годишник од Штип. Пред два дена во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, тој начекал жена на која на дрзок начин и’ одзел златно ланче во вредност од околу 20.000 денари.

Крадецот се доближил до жената од предната страна и со рака го фатил и го скинал ланчето кое го носела на врат, по што избегал од местото на настанот, велат од Обвинителството.

Притворот е предложен имајќи ја предвид можноста осомничениот да се даде во бегство.

Јавниот обвинител го ценеше и фактот што осомничениот е претходно осудуван, издржувал казна затвор до 6 јануари годинава, по што за кратко време сторил нови кривични дела за кои во тек се и други постапки по поднесесени кривични пријави пред Основното јавно обвинителство Скопје.​

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +