18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Македонија ќе добие помош од Естонија за јакнење на сајбер безбедноста

Од голема важност за Северна Македонија е поддршката од Естонија во пренесување на нејзиното искуство и знаење во дигиталната трансформација, што очекуваме да резултира со брз развој на електронските услуги кои ги обезбедува јавната администрација во земјава. Ваква порака беше испратена по средбата што премиерот, Димитар Ковачевски ја оствари со неговата естонска колешка Каја Калас, на Минхенската безбедносна конференција.

Ковачевски на состанокот со Калас упати благодарност до владата на Естонија за силната и гласна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Двајцата премиери истакнаа дека Северна Македонија и Естонија, како држави сојузнички во НАТО, ќе продолжат и натаму да даваат активен придонес во Алијансата во насока на зачувување на мирот и безбедноста на европскиот континент.

Разменија мислења и за влијанието на актуелните геополитички предизвици врз интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ. Премиерот Ковачевски ја потенцираше посветеноста на Владата на скрининг процесот како и заложбата за единство на сите политички и општествени чинители во Северна Македонија за членство во Европската Унија. Ковачевски истакна дека нашата држава во ЕУ има пријатели, сојузници и поддршката за забрзување на преговорите и шансата сега не смее да се пропушти.

Ковачевски ја покани премиерката Калас да ја посети земјава.

Спонзорирано: