25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силјановска-Давкова: Секоја година има промена на Владата, а тоа е доказ дека таа е слаба

Секоја година има промена на Владата, а поголем доказ од тоа дека таа е слаба нема, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, на денешната собраниска седница.

„Зошто сметам дека вашиот статус како премиер е слаб. Прво, не велам дека е тоа од лични причини, меѓутоа Вие нѐ потсетувате нас, на кои тоа ни е професија, на политичкиот систем на италијанскиот профил на премиер. Италијанските влади се слаби, а премиерите најчесто личат на брокери, што значи дека вие, премиере, сте брокер во слаба, кршлива, конфузна и неука коалициска Влада, со ретки исклучоци. Иако имаме слаб премиер на чело на егзекутивата, всушност, што се случува? Ние овде безделниците да немаме никаков, ниту да сакаме да имаме парламентарен надзор над егзекутивата“, рече Силјановска-Давкова.

Таа посочи дека нема независно судство.

„Слабото мнозинство што го наследивте ве турка во хронична и опасна зависност од вашите коалициски партнери, ама најмногу од големиот брат. Слаби ви се и настапите во медиумите“, рече Силјановска-Давкова.

Силјановска-Давкова потенцира дека коалицијата е вештачка и инкопатибилна.

„Вашата коалиција е вештачка и инкопатибилна како и претходните коалиции, кои беа вештачки и инкопатибилни. Има неформално фракционерство. Зошто е тоа јасно, бидејќи си заминаа некои министри и станаа важни фигури во социјалдемократското и социјалистичко движење“, вели Силјановска-Давкова.

Таа е децидна дека не може да се дојде до промени со овој тим.

„Владата ви е фрагментирана, допрва и ќе се фрагментира. Со предлозите апсолутно не значи дека ќе добиете ветар и нова сила. Имате паралеризам опасен во Владата и во ликот на Бујар Османи, сенадлежниот министер. Тој се меша и во МВР, се меша дури и во претседателските овластувања, а претседателот не е ни фикус што венее, туку е еден кактус“, рече Силјановска-Давкова.