Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Одлуката од Стразбур е победа на правдата, предметите продолжуваат

Со одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој потврди дека апликациите на седум поранешни функционери на ВМРО-ДМПНЕ се недозволени, постигната е голема победа на правдата, на правната држава и на аргументите на Владата. Одлуката на Судот во Стразбур е важна затоа што, покрај другото, не констатира прекршување на човековите права во кривичниот прогон на членовите од некогашниот врв на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека незаконската аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов пропадна. ВМРО-ДПМНЕ изгуби во Стразбур, а аргументите на државата во однос на недозволеноста на апликациите победија и се уважени.

Сега независниот судски систем има одговорност и обврска пред граѓаните и законите да ги доврши сите кривични постапки што се во тек. Владеењето на правото и правната држава и неселективноста во постапките остануваат врвни приоритети на СДСМ во процесот на градење праведно и правично општество за сите, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +