20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Наша е одлуката дали ќе бидеме во групата држави кои преговараат со ЕУ или ќе бидеме со тешките случаи кои чекаат

„На нас е и ние можеме да одлучуваме дали да го фатиме возот со Албанија и ќе влезе во групата на четири држави кои преговараат со ЕУ, заедно со Србија, Црна Гора и Албанија или ќе бидеме во групата на тешки случаи кои ќе почекаат со Косово и Босна и Херцеговина. Ние треба да одлучиме, во нашиот Парламент е одлуката“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека се јасни условите од преговарачката рамка, кои се многу полесни од Србија, каде што 35 поглавје е ставено прашањето за Косово, кое што тие мора да го решат пред да станат членка на ЕУ.

„Оригиналната идеја на Бугарија беше тоа, да имаме 35 Поглавје, бугарско поглавје, што ние не го дозволивме“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека прв пат каратата за блокирање на нашите евроинтеграции не е во Софија, Атина, Париз или Хаг, туку во Скопје.

„Наша е одговрноста, на сите партии, а најмногу на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во моментов се против, како и дали ќе одлучиме. Уставните измени не значат дека ќе прифаќаме се од Бугарија. Ние ќе продолжиме да се грижиме за нашите интереси и нашето достоинство“ рече Маричиќ.

Спонзорирано: