11. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
maricic
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Опозицијата нема аргументи, со блокадата на Собранието ВМРО-ДПМНЕ прави штета

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не пропушта прилика да го испразни Собранието од суштина и едноставно да ги одолговлекува процесите, порача секратарот за меѓунардна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата Вин Вин на телевизија Телма.

Тоа, додаде Маричиќ, го гледаме и со седницата за реконструкција на Владата каде гледаме едни исто говори со исти поенти, кои имаат за цел да купат време и можеби да создадат некаква нервоза кај владата.

Осврнувајќи се на проширувањето на парламентарното мнозинство Маричиќ порача дека тоа со прави со цел да се зајакне европскиот фронт, додавајќи дека блокадите на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо ново и дека траат веќе три години.

„Наша цел е да се стабилизира мнозинството во Собранието, да се зајакне владата за во оваа година од мандатот да влеземе во реформи, во стабилизација на државата од кризите кои траат три години една по друга, како што беа здравствената, енергетската и економската, но и обезбедување на блок за европска Македсонија кој ќе донесе потребни реформи, да го комплетира скрининг, да направи простор за натамошната фаза на преговори и да создаде услови за двотретниско мнозинство за носење на потребните уставни измени“ порача Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Во очајнички обид да се злоупотреби трагедијата во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека функционерите на СДСМ доследно работеле по закон

C +

Филипче: Муцунски да одговори дали во Македонија ќе се носат мигранти по договор со Британија?

C +

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

C +
error: Соддржината е заштитена.