Centar.mk
БИЗНИС

РЕК „Битола“ почна со мини ремонтот на Блокот 2

Во РЕК „Битола“ почнаа активностите за нега и санација на Блокот 2. Мини ремонтот на постројката предвидено е да трае околу две недели. Во овој период планирани се повеќе интервенции на разни позиции со цел зголемување на стабилноста и доверливоста на блокот.

Блокот 2 до исклучувањето синоќа во 2 часот по полноќ беше во континуиран работен процес над 75 дена. Минатата година Блокот 2 произведе 1.382.666 MWh електрична енергија, што претставува рекорд во последните 8 години. Мини ремонтот, кој почна, треба да обезбеди стабилност на производството на електрична енергија до крајот на грејната сезона на оваа 39 години стара постројка.

Во согласност со планот за производство, во АД ЕСМ продолжуваат со работа сите други капацитети и потребата за електрична енергија на домаќинствата, малите потрошувачи и дополнителните снабдувања се обезбедува исклучиво од домашно производство.

Можеби ќе ве интересира

„Безбедни жици за загрозени птици“: ЕВН Македонија и Македонското еколошко друштво официјално го започна проектот за заштита на загрозени видови птици во земјава

ДЕСК

Втора година на врвот: Mozzart најпосакуван работодавач за 2025

ДЕСК

„Алкалоид“ АД Скопје четврта година по ред прогласен за победник во категоријата Најпосакуван работодавач

ДЕСК