10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ ја подготви одбраната на државата против аболицијата на Иванов

Владата на Република Северна Македонија ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) која е во полза на државата и потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

За одбраната како претставник на државата беше задолжен Бојан Маричиќ како министер за правда да го подготви одговорот на државата во врска со поднесените тужби од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Стразбур. Тој ангажираше поголем тим експерти кои се вклучија во подготовка на одбраната. Одговорот беше на десетици страници, со фокус на тоа фактот дека тогашниот претседател Иванов немал законска можност да ја даде аболицијата, па оттаму и фактот дека не ни можел потоа да ја повлече. Тој не може да повлекува нешто за кое претходно немало законска основа да се даде, тврдеше Маричиќ. Од денеска изнесеното оваа стратегија се покажа како исправна, што беше беше потврдена и од судот во Стразбур.

Одговорот на повеќе од 60 страници и доказен материјал од илјадници страници, беше испратен во текот на јуни 2021-вата година до Европскиот суд за човекови права во Стразбур во врска со колективната аболиција за снимките од прислушуваните разговор што ја даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права.

„Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на 6 случаи кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Северна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови”, истакнаа денеска од Владата.

Спонзорирано: