Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лажни се пријавите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје и во Прилеп, завршија сите потребни проверки

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.02.2023) во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС со години ги запоставуваше студентските домови, а денес глуми загриженост, ВМРО-ДПМНЕ инвестира и го подобрува студентскиот стандард

ДЕСК

Мицкоски: Нов инфраструктурен проект во Гази Баба преку владината програма за поддршка на општините

ДЕСК

Европска експертиза на домашен терен: субпериостални импланти за сложени дентални случаи

ДЕСК