11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Фрчат казни: Полицијата со засилени контроли во лов на несовесни возачи

Во текот на вчерашниот ден (14.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Во текот на вчерашната вечер (14/15.02.2023), во периодот од 21.00 до 03.00 часот, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 91 возач. Од нив 18 на територија на СВР Куманово, 13 на територија на СВР Скопје, 11 на територија на СВР Битола…

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 10 санкции, осум мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Вчеравечер (14/15.02.2023) од 21.00 до 03.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на возачи кои ги управуваат возилата под дејство на алкохол, при што биле откриени и санкционирани 8 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол. Тие се исклучени од сообраќај, изготвени им се соодветни поднесоци, а времено им се одземени и возачките дозволи. Покрај ова, биле санкционирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-7).

На 14/15.02.2023, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 9 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-3, Струга-2, Кичево-4). Тие се исклучени од сообраќај, одзмени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Спонзорирано: