24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Апсења на повеќе локации низ Скопје, Битола, Радовиш…

На 14.02.2023 во 10.15 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Ј.(19) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 11.02.2023 околу 01.15 часот во Радовиш физички нападнал женско лице и се обидел да ѝ ја одземе чантата. Во службен разговор тој го признал делото, а при претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Лицето било задржан во Полициската станица Радовиш, за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.02.2023 во 18.15 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, со Наредба од Основен суд Битола, го привеле Б.А.(30) од Битола. Тој бил баран по потерница за издржување на затворска казна за извршени неколку кривични дела тешки кражби. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 15.02.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(52) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.02.2023 во 22.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.02.2023 на ул.„4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Љ.П.(37) и В.К.(35), двајцата од Битола, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени амфетамин и таблета. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.02.2023 во 04.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Н.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.02.2023 во 23.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.02.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.02.2023 во 21.40 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.02.2023 на место викано „Карамански пат“ во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола ги лишиле од слобода П.Д.(31) и Д.Ј.(32), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Спонзорирано: