Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

ЦУК: Пронајдени неексплодирани убојни средства во Гостивар, местото е обезбедено и се работи на отстранување на опасноста

Регионалниот ЦУК Тетово денеска информира дека преку Е – 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) е добиена информација дека биле пронајдени неексплодирани убојни средства (НУС), стари бомби и гранати, во Гостивар, конкретно на улица „Илинденска“ број 201 од страна на службено полициско лице од СВР Тетово.

При информативната координација од страна на ЦУК преку РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар, се известени одговорните од Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС Гостивар, а и други институции од Системот за управување со кризи (СУК). Притоа ЦУК е известен дека, бидејќи подрачно одделение ДЗС Гостивар нема стручни лица за деминирање – пиротехничари, ќе стапат во контакт со пиротехничари од Кичево за безбедно да се отстранат неексплодираните убојни средства во Гостивар.

Инаку, и додека пристигнат пиротехничарите, а и додека работат, полицајците од СВР Гостивар ќе го обезбедува местото каде што се наоѓаат неексплодираните убојни експлозивни материјали во Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК

ТРОЈЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО КАРПОШ: Тепале полициски службеници

ДЕСК