7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Прегазен полицаец и удрено полициско возило – Скопјанец не запрел на знак од полицијата

Денеска (14.02.2023) во 00.45 часот на ул.„Ангел Димовски“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.Ѓ.(36) и А.И.(34), двајцата од Скопје. Претходно, околу 00.30 часот на ул.„Беласица“, М.Б.Ѓ. не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници со возилото „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, а сопатник бил А.И., по што ја зголемил брзината и продолжил со движење.

Пред да биде запрен тој не испочитувал уште една наредба за запирање и со неговото возило удрил во службено полициско возило и во полициски службеник. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: