23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Собраниската расправа за данокот за солидарност да започне што поскоро

Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека за данокот за солидарност се направени многу широки консултации со стопанските комори дури и со компаниите кои влегуваат во опфатот на ова законско решение.

-Комисијата за финансирање на буџет е матична комисија на овој закон бидејќи потекнува од Министерството за финансии. Легитимно е да претседателот и членовите на комисијата да направат јавна расправа по однос на овој закон и тоа треба да го направат што побрзо. Едно е дали тие планираат да го блокираат или да направат јавна расправа. Јас сум бил заменик министер за финансии и ние сме имале расправи по однос на други законски решенија, за тоа постои процедура и постапка како се прави во комисијата во парламентот. Така што, доколку сметаат дека треба да се направи, треба да се направи, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека државата има јасни закони во однос на сметководството во однос на финансиското водење на компаниите и затоа упати апел до комисијата за финансирање и буџет и до нивниот претседател да го стават на расправа.
-Ако треба да повикаат и експерти бидејќи имаше широка расправа организирано од страна на Министерството за финансии и низ таа расправа, ако имаат забелешки тие забелешки да се усогласат во законот доколку се прифатливи за мнозинството. Потоа да се реализира законот, кажа Ковачевски.