Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Култура

„СЕВДА“ – нежни љубовни ноти од балканските великани во македонската филхармонија за денот на виното и љубовта

Во чест на виното и љубовта четврток, 16. февруари 2023 година со почеток од 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот концертот под наслов „СЕВДА“. Оркестарот на македонската филхармонија под водство на диригентката Дијана Имери Илкоска ќе претстави избор на дел од најпознатите балкански балади испеани од музичките великани: Александар Сариевски, Нина Спирова, Даворин Поповиќ, Сафет Исовиќ, Шабан Бајрамовиќ и Јадранка Стојаковиќ во нов современ аранжман.

Познатите балкански љубовни рефрени „Жуте дуње“, „Да зна зора“, „Ко ли ти ночас милије косу“, „Кажи кажи либе Стано“, „Сношти сакав да ти дојдам“, „Ајде дали знаеш паметиш Милице“, „Од љубов не се бега“, „Што те нема“ други евергрини во аранжман на Дијана Имери Илкоска ќе бидат вистинско славење на љубовта.
Музичката магија ќе ја надополни солистот со уникатен глас Божо Вреќо, а на пијано ќе настапи светски реномираниот музичар Васил Хаџиманов, син на доајенот на македонската современа музика Зафир Хаџиманов.

Дијана Имери Илкоска е дел од македонската филхармонија, а основач е и на камерниот оркестар “ID Chamber Orchestra”. Во октомври 2022 има издадено свој албум за дискографската куќа “Con:tempo”, „Филхармонија во срцето“ со капитални дела од класичната музичка литература во изведба на камерниот оркестар на македонската филхармонија. Дијана Имери Илкоска е автор на неколку музички дела. Нејзиното дело Корени” доживеа изведби во Белград, Љубљана и во Скопје, а има и дискографско издание. Со концертот „СЕВДА“ таа за прв пат се претставува како аранжер за симфониски оркестар. Преку различни проекти соработува со реномирани музичари и ансамбли од земјава и регионот.

Повеќе информации за концептот на 16.02.2023 година на линкот https://filharmonija.mk/nastani-i-bileti/

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Нов силен земјотрес го погоди Чиле: Се слушна силен звук

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле. Според EMSC, земјотресот се случил во 14:33 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на… Прочитај повеќе

Полицијата им е зад пети на кластерот интернет терористи осомничени за дојавите за бомби во Македонија?

Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции, пишува Centar.mk. Во Бугарските медиуми… Прочитај повеќе

Го вклучија црвениот аларм: Америка итно ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе