11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Не се оствари најавата на Мицкоски за недоверба на Владата, изборите се поизвесно во 2024 година

Со влезот на АА во Владата се затвори и долго покренуваната најава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори. Лидерот на опозицијата во неколку наврати најавуваше дека неговата партија ќе оформи ново мнозинство и дека Собранието ќе се распушти, но ваквите најави пропаднаа во вода.

При секоја најава на опозицијата дека власта го загубила мнозинството, дополнително се зголемува бројката на пратеници кои даваат поддршка за владините политики. Последно, тоа се случи со влезот на Алтернатива во Владата, а сега со Алијанса за Албанците. Мицкоски најави дека кон крајот на јануари или почетокот на јануари Собранието ќе се распушти, изгласувајќи недоверба на Владата.

Во оваа намера Мицкоски очекуваше гласови и од пратеници на мнозинството, но до такво нешто не дојде. Партиите од владејачката коалиција уште претходно порачуваа дека предвремени парламентарни избори не се потребни и дека е подобро тие да се одржат заедно со претседателските избори во 2024 година. Единствено Мицкоски го застапуваше ставот дека предвремени избори треба да се одржат уште веднаш, но откако стана јасно дека Владата се проширува со Алијанса за Албанците, сега Мицкоски ретерира во барањето, велејќи дека власта си купила нови единаесет месеци, што наговестува дека е се поизвесно дека парламентарни избори ќе се одржат наредната година.

Извор: frontline.mk

Спонзорирано: