Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРвест

Македонски и грчки туристички потенцијали како една дестинација на саем за туризам во Милано

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) со туристичката организација на Солун и италијанско- грчката комора се претставија на саемот „BIT – MILANO”, во Италија како една дестинација за туристите од овој дел на Европа.

Северна Македонија и 12 локации во Грција се претставени од птичја перспектива со помош на технологијата на дронови, преку проектот „Од горе“, што се реализира преку европските фондови.

Целта е да се прикажат најдобрите природни и географски знаменитости на спектакуларен и досега несоодветен начин.

АППТ информира дека од 12-ти до 14-ти овој месец природните убавини, националните паркови, активните форми на туристичка понуда се презентираат преку видео материјали, виртуелно реални видеа во 360 степени кои го привлекуваат вниманието на голем број посетители.
На заедничкиот изложбен простор се одржуваат Б2Б средби со туроператори кои имаат предлози за нови кружни патувања и посета на двете земји од италијански туристи.

Од АППТ појаснуваат дека спектакуларното воздушно патување низ областите од Вардар до Галичица, како и езера, реки и водопади ќе ја прикажува граничната природа и географските знаменитости на начин кој досега не е претставен.

АППТ посочува дека ќе се креираат и објавуваат извонредни тајмлапс видеа што ќе се снимаат во текот на четири различни сезони, со што ќе се овозможи визуелно да се прикаже промената на годишните времиња во секунди.

Силна порака за туризмот и туристичката дипломатија со заедничко претствување на македонските и грчките туристички потенцијали како една туристичка дестинација, комплементарна со атракции овозможувајќи голема конкурентност и можност за поголем број туристи и ноќевања во следните неколку години, вели во пишана изјава Љупчо Јаневски, директор на АППТ.

Можеби ќе ве интересира

Убава вест за скенирачите на фискални: Познато е кога ќе тргне исплатата на повратот на данок преку Мој ДДВ

ДЕСК

Трипуновски нема да си поднесе оставка

ДЕСК

Следното покачување на минималната плата повторно во фокус: Работниците чекаат корекција, а ќе ја добијат дури во март 2026-та додека трошоците галопирачки растат

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.