Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата

Од Владата денеска информираат дека премиерот Димитар Ковачевски го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата со следните кадровските решенија:

„За министер кој ќе раководи со Министерството за правда, предложен е г-дин Кренар Лога.

За министер кој ќе раководи со Министерството за здравство, предложен е г-дин Фатмир Меџити.

За министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, предложен е г-дин Азир Алиу.

За министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање, предложена е г-ѓа Каја Шукова.

За заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана, предложен е г-дин Тирон Јајага.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за правда, предложена е г-ѓа Викторија Аврамовска-Мадиќ.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, предложена е г-ѓа Вјолца Бериша.

За заменичка на министерот кој раководи со Министерството за здравство, предложена е г-ѓа Маја Манолева.

За заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука, предложен е г-дин Агим Нихиу“ стои во соопштението од Владата.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО ЖЕШТИНА, ПА НЕВРЕМЕ: Македонија ја чека нестабилен период со пад на температурите

ДЕСК

ГРАДОТ ГОРИ, А СЕНКА НЕМА: Летото ги открива сите урбани промашувања

ДЕСК

Јавниот долг во фокусот на собраниска работилница

ДЕСК