26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кои се новите министри во Владата?

Кои се новите министри во Владата?

КАЈА ШУКОВА
Каја Шукова е Дипломиран инженер технолог и на позицијата Министерка за животна средина и просторно планирање позиција би дошла како досегашен државен секретар за екологија во министерството.

Нејзините квалификации се поврзани со заштитата на животната средина во насока на одржлив развој и заштита на воздух, води, почви и природни ресурси од загадување, развивање на политики, програми и проекти од областа на животна средина и одржлив развој, проекти за одржлив развој на Северна Македонија, како и бројни извештаи поврзани со животната средина.
Шукова својата стручна кариера ја има надградувано со повеќе обуки и доквалификации на домашно и меѓународно ниво, а сите со специјалноста за заштита на животната средина.

Во моментов е копретседател на поткомитет за транспорт, енергетика, регионален развој и животна средина, член на Комитетот за европски интеграции, претседател на Управен комитет на Програмата за заштита на природата. Паралелно учествува и во реализацијата на повеќе активности и програми како координирање на проектот за системи за водоснабдување и канализации, заем од ЕИБ, иницијатива за прогласување на заштитено подрачје Малешево и Осогово, к оординирање на процесот за доработка на Закон за индустриски емисии, иплементација на предпристапната помош на ЕУ – ИПА и бројни програми поврзани со заштита на животната средина.

АЗИР АЛИУ
Азир Алиу е доктор по информатички науки и магистер по електротехника. На позицијата нов министер за информатичко општество и администрација, би дошол како редовен професор на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово. Неговото работно искуство е во областите на компјутерска архитектура, оперативни системи, контролни системи, машинско учење, мултимедија системи, вештачка интелигенција и друго. Алиу во своето екстензивно академско искуство работи на теми поврзани со интелигентни системи, анализа на сигнали и мулти-резолуциони слики, обработка на медицински слики, машинско учење, паралелно програмирање итн, во кои области има издадено и повеќе научни трудови.

КРЕНАР ЛОГА
Кренар Лога е дипломиран правник и магистер по дипломатија, на местото нов министер за правда би дошол од Државната изборна комисија.
Лога има долгогодишно искуство во областа на правото. Во своето работно портфолио во делот на правните работи, Лога работел на раководни позиции, односно во изминатите години бил раководител на секторот за управување со човечки ресурси во Државното правобранителство на Република Северна Македонија, раководител на сектор за правни прашања и општи работи во Општина Струга каде што бил и советник за правни работи. Поседува сертификати од меѓународни организации во делот на демократија и лидерство, политики на Европската Унија, и други сертификати за учество во меѓународни работилници.

ФАТМИР МЕЏИТИ
Д-р Фатмир Меџити е специјалист-невролог на универзитетската клиника за Неврологија во Скопје. На позицијата нов министер за здравство би дошол како долгодишен лиценциран лекар и специјалист по неврологија. Во своето работно искуство бил член и претседател на управен одбор– Фонд за здравствено осигурување на Македонија, како и советник во кабинет на министер за здравство во 2017 година. Својата кариера ја има надградувано преку учество на бројни светски симпозиуми во областа на неврологијата. Меџити е е член на Лекарската комора на Северна Македонија, Македонско лекарско друштво, Македонско невролошко здружение и на Европската академија за неврологија.