3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Уште еден земјотрес почуствуван во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 09.02.2023 година регистрираше земјотрес 165 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје во соседна Р.Грција.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 18 часот и 47 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.4 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Битола и околината.

Спонзорирано: