Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: После толку лаги Мицкоски треба да им се извини на граѓаните

СДСМ:

Христијан Мицкоски со години го лаже своето членство, ги лаже граѓаните.

Пред само два месеци Мицкоски повторно најавуваше дека има 61 пратеник и дека во јануари или февруари ќе има ново парламентарно мнозинство за да се распушти Собранието и да се распишат предвремени избори.

Еве пројде јануари, дојде февруари ниту Мицкоски има 61 пратеник, ниту има ново мнозинство, ниту распиштање на Собранието. А владејачкото мнозинство може да се зголеми.

Мицкоски ги лажеше и ги плашеше граѓаните и за енергетската криза дека нема да има доволно струја и енергенси, дека електричната енергија значително ќе поскапи, дека ќе има рестрикции.

Сето тоа е демантирано од реалноста, исто како што му потонаа лагите за асмилација и бугаризација, за македонскиот јазик како бугарски дијалект и ред други невистини изнесени од Мицкоски.

Со лаги Мицкоски се бори да дојде на власт и да ја спаси својата фотелја во Белата палата, но повеќе никој не му верува.

После толку многу лаги единствено што може Мицкоски да направи е да им се извини на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК