Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Полицијата му влезе дома – Претрес во Охрид, пронајдени оружје и муниција, приведено едно лице

На 08.02.2023 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.Т.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Sigsauer“ калибар 9 милиметри со рамка од осум куршуми, 454 куршуми за пиштол од различен калибар, ловечка пушка „Simson Suhl“, 21 куршум за ловечка пушка и една рачна граната.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК