14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Не се исклучува Алтернативата да излезе од Владата со влезот на Алијансата – вечерва ќе се финализира договорот со СДСМ

Премиерот Димитар Ковачевски не знае дали Алтернативата на Африм Гаши ќе излезе од Владата со влезот на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари и промената на министерските места.

Вечерва ќе се знае одлуката кои ресори ќе ги земат од Алијансата за Албанците во замена за поддршка за Владата.

Ковачевски посочува: „Интенцијата е зголемување на мнозинството“.

„Ние сме согласни дека Алтернативата сакаме да остане дел од мнозинството со оглед дека се разговара за влез на нов партнер во коалицијата, тоа значи зголемување на мнозинството и распоред на пратеничките мандати, тоа значи дека политичките партии, кои се дел од постојното мнозинство, ќе треба да направат одредени приспособувања за да се оствари оваа идеја. Вратата за Алтернативата останува отворена бидејќи тие се дел од Владата. Не може ниту еден политичар од политичка партија да сугерира како друг политичар ќе донесе одлука. За одлуките на Алтернативата јас не можам да коментирам, тоа може да го каже претседателот на партијата“, рече Ковачевски.

Вечерва, Централниот и Извршниот комитет на СДСМ ќе заседаваат и ќе кажат која е конечната одлука за влезот на Алијансата за Албанците во Владата.

Состанок ќе има и во Алијансата за Албанците. Финалниот резултат ќе се знае вечерва.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +