Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarБизнисВо тренд...

Почнува исплатата на помош за граѓаните – Ова се списоците на сите кои ќе добијат пари на сметките

Паричните средства за корисници на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.

-Министерството за труд и социјална политика ги известува граѓаните, дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на веб страната на Министерството.

Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе бидат исплатени на 13.02.2023 година.

На веб страната на Министерството за труд и социјална политика се објавени (корисници  на правото на социјална сигурност на стари на лица, посебен додаток, надоместок заради попреченост, корисници на надоместок за помош и нега од друго лице со трајни промени во здравствената состојба без потреба од контролен преглед и не користат право на надоместок заради попреченост, како и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош).

На веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (корисници на пензија во висина не поголема од 11.525 денари месечно, односно во висина не поголема од 14.000 денари месечно, како и корисници на право на надоместок за телесно оштетување).

На веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија (невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок).

Списокот се објавува со цел граѓаните да можат да извршат проверка, а доколку лицето не е на списокот, а смета дека ги исполнува условите како корисник на право, може да поднесе приговор до Комисијата за одлучување по приговори за финансиска поддршка при Министерството за труд и социјална политика, во рок од три дена од денот на објавувањето на списоците на корисници на финансиската поддршка.

Приговорот може да се поднесе преку архивата на Министерството за труд и социјална политика или преку електронската пошта mtsp@mtsp.gov.mk.

Списокот на корисници на паричните средства за финансиска поддршка за справување со енергетската криза, ќе биде отстранет од веб страната на Министерството за труд и социјална политика, веб страната на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија  и веб страната на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  по истекот на три дена од денот на објавувањето.

Линк до списоците:

Кликнете лајк и заследете го Centar.mk на фејсбук и добивајте вакви корисни вести.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе