Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадинов: Верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ има луѓе кои сакаат прогрес на ЕУ-патот

Пратеничката група на СДСМ е единствена околу прашањето за уставните измени и се надевам дека секој еден пратеник ќе биде на висина на задачата за исполнување на стратешките цели на државата, кажа потпретседателот на партијата, Перо Костадинов, во гостувањето во ТВ21.

– Многу значаен моментум е ова за нашата држава. Гледаме дека од најразлични страни во последно време се појавуваат ретроградни елементи на кои не им одговара овој процес, рече Костадинов.

Тој порача секој еден пратеник да биде на висина на задачата и одговорностите што се пред него.

-Сега е шансата да покажеме дека стратешките цели на државата ни се заеднички. Ние можеме да контрирме меѓу себе за одредени програми, но за целите заеднички одлучуваме кои се тие. Да ги прашате и ВМРО-ДПМНЕ тие ќе кажат дека стратешка цел им е членство во ЕУ, верувам дека таму има луѓе кои сакаат прогрес на овој пат, кажа Костадинов.

Можеби ќе ве интересира

Вчера лишени од слобода три лица од Скопје барани со потерница за вкупна затворска казна од девет години и шест месеци

ДЕСК

Полицијата упадна во стан во Скопје – едно лице уапсено

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК