4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Серија апсења на Бит Пазар, во скопски Центар, Тетово и Битола – Се работи за претежно млади лица

На 04.02.2023 во близина на рудник Брод-Гнеотино, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слободадве лица, двајцата од Битола. Тие се сомничат дека околу 18.00 часот влегле во кругот на рудникот Брод – Гнеотино на РЕК Битола и одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.02.2023 во 21.30 часот на подрачје на Полициска станица Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода три лиац, сите од Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај еден биле пронајдени и одземени марихуана и нож, а кај друг. бил пронајден и одземен нож. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 04.02.2023 во 23.35 часот на крстосница на ул,,Киро Ристoвски Дрнц“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода едно лице (20) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.02.2023 во 01.15 часот во угостителски објект во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица, двајцата од с.Пирок, тетовско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.02.2023 во 04.55 часот на ул.„153“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода едно лице од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 05.02.2023 во 02.50 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода едно лице од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.02.2023 во 21.40 часот во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода едно лице од Скопје, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.