Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

СДСМ: Почит за ликот и делото на Делчев, не успеа сценариото на агентите на хаосот, Мицкоски, Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение на СДСМ:

Институциите на системот денеска не дозволија да успее сценариото на оние кои не и мислат добро на земјата и сакаат на било каков начин да создадат тензии, судири а со тоа да и наштетат.

Покрај сите предизвици, денеска достоинствено и гордо се оддаде почит за ликот и делото на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев.

Граѓаните и државата не дозволија да се погази придонесот и значењето на Делчев, не дозволи да се повреди националната гордост и чувства на македонскиот народ , не дозволи злоупотреби за политичките валканици на агентите на хаосот.

Пропаднаа обидите на Мицкоски, Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните истомисленици од другата страна на границата и бугарското ВМРО.

Хаосот на којшто работеа не се случи.

Им благодариме на сите граѓани за нивниот придонес, покажаниот разум, свест и чувство за државност, како и на сите надлежни институции, безбедносни служби и партнерски организации.

ВМРО-ДПМНЕ е прочитана. Ќе остане запаметено дека лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ и заложникот на Апасиев, Христијан Мицкоски, се обидоа да го поделат народот и денеска, да го извалкаат делото на Делчев и тоа не им успеа.

Идеалите на Делчев се многу поголеми и посилни.

Сега е важно да продолжиме по вистинскиот, европскиот пат на единство и сплотеност за државните и национални интереси.
Само така може да ги оствариме нашите заеднички цели. Заедно да ја водиме нашата држава кон полноправно членство во Европската Унија, каде што и припаѓаме, во големото европско семејство на државотворни народи.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК