8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Германија: Колку треба да заработите ако сакате пензија од 1.200 евра?

За 1.200 евра идните пензионери во Германија мора да работат напорно. Имено, треба да заработувате најмалку 37.000 евра годишно доколку сакате да имате толкава пензија.

Во многу региони на Германија, изнајмувањето и трошоците за живеење еднаш можеа да се платат со 1.200 евра месечно. Денес тоа не е ни блиску до реалноста.

Колку време треба да работите и да заработувате за да имате нето месечен приход од 1.200 евра како пензионер?

„Во 2022 година за ова беше потребна бруто годишна плата од 37.028 евра и 35 години работа“, велат од германското Министерство за труд и благосостојба. Тоа е еднакво на околу 3.085 бруто евра месечно, пишуваат германските медиуми.

По 45 години работа, почнувајќи од 20 години и без прекин поради семејство или болест до 65 години за пензија, ќе имате бруто пензија од 1.200 евра. За ова вработените мора да заработуваат годишна бруто плата од 23.823 евра.

Според досегашната пензиска табела, тоа е околу 1.985 евра бруто месечно.

Колку пари се уплаќаат во пензијата?
Се поставува прашањето, колку просечно заработуваат вработените во Германија, а колку се плаќа за пензија?

Просечната плата на сите вработени кои моментално работат со полно работно време е 4.100 евра бруто.

Ако ги вклучите хонорарните и дополнителните работни места, бројките изгледаат поинаку: тогаш просечната бруто плата е 3.199 евра.

Германските вработени имаат просечен нето приход од 2.165 евра.

Иако штедењето во време на инфлација, високи цени на храната и скапа енергија е тешко за многу вработени во Германија, германското пензиско осигурување советува доброволно да се издвојат повеќе пари денес, за да се избегне сиромаштија во староста.

Имено, во Германија се повеќе пензионери живеат тешко, особено во последните години кога поскапеа енергенсите и храната.