Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Чествувањето на Гоце Делчев, покрај без инциденти, помина и без националистички симболи

Она што денеска, на одбележувањето на 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев, покрај секако, професионалната организираност на полицијата која не дозволи никаков инцидент, е што таа не дозволи да се наруши највисокото државно ниво и настанот да биде злоупотребен со истакнување на партиски знамиња или националистички симболи со кои вообичаено се китат радикалите во државата, но и оние од онаа страна на границата.

Ниту едно знаме на друга држава, ни знамиња со исцртани националистички карти, немаше ни „ќосиња“….туку целиот настан беше свечено накитен со македонските државни симболи, како што доликува на овој ден.

За разлика од митинзите на „најпатриотската партија во Вселената и пошироко“ на кои можат да се најдат од руски знамиња до најразлични транспарентни, каде покрај трогателните пораки, очите ги параат речиси редовните јазични грешки, денешниот настан помина со искажување достоинствена почит кон државните симболи на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК