Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка меѓу голф и опел со скопски таблички, има повредени меѓу кои и дете

На 02.02.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Кадино кон с.Бунарџик, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел астра“, управувано од М.Ј.(42) од с.Марино, општина Илинден и патничко моторно возило „фолксваген голф“,управувано од С.М.(65) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Ј., а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од истото возило, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +