Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Подгответе се за снег, силен ветер и студ со нагло опаѓање на температурата до -12 степени – Метеоцентар со детална прогноза за деновите што претстојат

Утре ќе има повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

Во недела се уште на места ќе провејува снег и ќе дува силен северен ветер. Потоа ќе се задржи стабилно, студено и ветровито време со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

Прогноза за 05.02.2023
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: -3°C до 3°C

Променливо облачно и студено со засилен ветер од северен правец. На места, особено на планините, ќе провејува слаб снег.

Прогноза за 06.02.2023
Минимална температура: -10°C до -1°C
Максимална температура: -5°C до 2°C

Променливо облачно со сончеви периоди и многу студено, со умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието.

Прогноза за 07.02.2023
Минимална температура: -12°C до -4°C
Максимална температура: -3°C до 4°C

Сончево и многу студено со мала локална облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК

(фото) Мицкоски го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ во Охрид

ДЕСК