24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Студ и снег во најава – Синоптичарите излегоа со неколку дневна прогноза

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). Студено време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

Прогноза за 04.02.2023
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 1°C до 10°C

Променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Ветерот ќже продолжи и преку ноќта а ќе надминува и брзина од 80 км/час.

Прогноза за 05.02.2023
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: -2°C до 5°C

Променливо облачно со сончеви периоди и студено, со умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 06.02.2023
Минимална температура: -12°C до -2°C
Максимална температура: -3°C до 4°C

Сончево и студено со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Спонзорирано: