30.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР под палка на Спасовски покажува како се чува стабилноста и достоинствено се чествуваат денови важни за нашата историја

Министерството за внатрешни работи информираше за тоа дека од денеска од 18:00 часот за сообраќај ќе биде затворена улицата Самуилова, на потегот од улицата Самуилова до крстосницата со улицата Прохор Пчињски, а на 04.02.2023 година во сабота, пак, на самиот ден на одбележувањето на раѓањето на Гоце Делчев, посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на улицата Лазар Личеновски и на улицата Самуилова.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи бо утринската програма на МТВ истакна дека се преземаат сите мерки и активности одбележувањето да биде достоинствено и како што доликува на великанот Делчев:

„Постојат законски основи кои укажуваат дека секој еден кој сака да го наруши доистинството, јавен ред и мир, треба да се преиспита начинот. Опциите зависат од анализите кои ги правиме во штабот на основа на прибирани податоци и информации, одлуката ќе биде во функција на мирно достоинствено чествување со кое ќе покажеме пред светот дека знаеме да ја сочуваме стабилноста и со еден посебен почит знаеме да чествуваме денови кои се важни за нашата историја”, нагласи Спасовски.

Спасовски истакна дека граѓаните воопшто не треба да се грижат за тоа дека ќе бидат преземени сите мерки за достоинствено чествување, без никакво нарушување на јавниот ред и мир.

„Клучно за нас ќе биде дали имаат намера било какви структури кои се организираат да предизвикуваат проблеми да покажат непочит кон државата и врз основа на тоа ќе се носат одлуките”, рече министерот Спасовски.