Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Шпанија ја зголеми минималната плата на 1.080 евра

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека владата годинава ќе ја зголеми минималната плата за осум отсто.

Најниско платените работници со полно работно време во Шпанија наскоро ќе заработуваат законски минимум од 1.080 евра (1.172 долари) месечно во 14 плаќања годишно. Вкупно годишната минимална плата ќе се зголеми на 15.120 евра.

– Со ова исполнуваме едно од нашите ветувања, за кое верувам дека беше наша демократска обврска: зголемување на минималната плата за таа да биде 60 отсто од просечната плата – рече Санчез.

Тој додаде дека „борбата на владата за подобрување на работните услови и поправедна распределба на богатството е само на почетокот“.

Откако Санчез стана премиер на Шпанија во 2018 година, минималната плата во земјата се зголеми за 35 отсто од 735 евра месечно. Во исто време, стапката на невработеност во Шпанија падна на околу 12 отсто, што е најниско ниво од финансиската криза во 2008 година.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК