12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

Скопје се гуши од горење мазут и нафта во јавните објекти – Кој го контролира тоа?

Над 100 јавни објекти во Скопје,јавни претпријатија и државни фирми, горат мазут за загревање. Голем број училишта, градинки и болници низ целиот град, меѓу кои и детската болница во Козле, користат нафта, а затворот „Идризово“ и јаглен како гориво за загревање.

Ова деновиве го објави граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“, од каде посочуваат дека од прегледот на договорите за јавни набавки може да се види дека, само за една грејна сезона, јавните објекти во Скопје ќе испуштат во амбиенталниот воздух гасови од согорувањето на повеќе од 2,7 милиони литри нафта.

На ваквите јавно изнесени податоци досега не реагираше ниту една институција и инспекција. А, јавноста чека кога некој од надлежните инспектори за животна средина ќе спроведат контрола на овие јавни установи и претпријатија во Скопје за да утврдат дали и колку тие го загадуваат воздухот горејќи мазут, нафта и јаглен. Дополнително, јавноста заслужува одговор од градските власти, дали и кога ќе побара од јавните установи и претпријатија во Скопје да преминат од мазут, нафтата и јаглен на природен гас?

Додека ги чека одговорите на овие прашања на јавноста ѝ останува да се надева дека ветерот успешно ќе ги издува ПМ честичките од скопската котлина и ќе ни дозволи на сите нас барем малку слободно да дишеме.

Спонзорирано: