Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Петровска: Гоце Делчев е великан кој треба достоинствено да се чествува

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во вечерашното интервју за Аргумент плус на Телевизија 24, истакна дека Гоце Делчев е великан чиј роденден треба да се чествува со соодветно однесување, а дека зад најавените патриотски чети и стражи на гробот на Гоце Делчев гледа мотив за придобивање на политички поенти на картата на национализмот.

“Нема услови и нема потреба за создавање на никакви паралелни структури, затоа што институциите на државата функционираат, особено институциите коишто се задолжени за безбедноста и стабилноста на оваа држава. Нема потреба. Она што јас го гледам, она што е мотив веројатно кај нив е само политички поени, и на картата на национализмот по којзнае кој пат, да се обидат да му се допаднат на народот. Знаете како, многу долго во Република Северна Македонија изборите се сметаа дека се можност за добивање или губење на прашања поврзани со националните прашања. Тоа се случува сега и во Бугарија. Тоа е една од причините зошто се разгоруваат страстите помеѓу двете држави. Не мислам дека на национални прашања треба да се добиваат или губат избори заради тоа што тие прашања треба да бидат затворени или решени на поинаков начин, а не на добиени или изгубени избори. Сегашната опозиција 11 години беше власт. Имаа можност да покажат и кои се и што се. Имаа можност по нивен рецепт или нивно сценарио да ги затворат сите отворени прашања и да ја придвижат оваа држава напред. Напротив, 11 години имаше стагнација, единствен напредок којшто го направија е во неуспешното инсталирање на споменици во центарот на Скопје” рече Петровска.

На прашањето дали стравува дека патриотските стражи на ВМРО ДПМНЕ може да предизвикаат инцидент, Петровска коментираше дека е лоша одлука доколку се истите таму за да предизвикаат инциденти.

“Ако се таму да предизвикаат инцидент, тогаш тоа им е многу лоша одлука. Ако се таму да го чествуваат денот на нашиот великан, тогаш треба соодветно да се однесуваат и навистина да го чествуваат денот на раѓањето на Гоце Делчев, а да ги остават институциите да ја завршат својата работа“, истакна Петровска.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Сè повеќе студенти се подготвени да го напуштат факултетот за да го заштитат своето ментално здравје

Една нова анкета на Галуп објави дека 41 процент од студентите кои моментално се запишани на постсредно програма размислувале да се откажат од студиите во изминатите шест месеци. Овој број… Прочитај повеќе

Летно сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03… Прочитај повеќе

УСЈЕ се приклучи на глобалната иницијатива „Час на планетата земја 2023“

Повеќе од една деценија, Цементарница УСЈЕ е дел од глобалната иницијатива „Часот на планетата земја“. Во сабота, 25 март 2023 година, од 20:30 часот до 21:30 часот, УСЈЕ ќе ги… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе