Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Шпицниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините

Соопштение на СДСМ:

За една година шпицниот Христијан Мицкоски и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ создадоа хаос во општините, граѓаните не видоа ни решение, ни проект за подобрување на квалитетот на животот, но затоа добиваат долгови кои ќе ги враќаат со години.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ со месеци се жалеа и бараа пари од владата, а сега, за нејасни проекти, сакаат дополнително да ги задолжат општините со обврзници, кои може да ги купи кој било, за потоа да може да влијае врз урбанистичките планови и тендерите.

Тоа се случува и во богати општини како Гази Баба и Аеродром.

Во општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се случува поскапување на комунални услуги, партиски и фамилијарни вработувања и непотизам, па дури и идници за криминал.

Во град Скопје се скараа за тендер вреден 136 милиони евра, за бизнис влијанија и провизии.

Општините Гевгелија, Прилеп, Охрид, Битола, Штип и Радовиш драстично ги зголемија цените на комуналните услуги.

Прекинати проекти, партизација и задолжување на општините и удар врз џебот на граѓаните, тоа е сработеното на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 месеци.

Локалната власт предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се покажа како најнеспособна во историјата на државата.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК