Centar.mk
БИЗНИСвест

Бежовска: Инфлацијата почна да се намалува, очекувам да биде едноцифрена

Инфлацијата не доведе до класичен ценовен шок, но таа резултираше со покачување на каматните стапки, рече гувернерката на Народната банка, Анита Бежовска. Таа посочи дека минатиов период на светско ниво се случил најсинхронизиран циклус на затегнување на монетарните политики.

-Ние одговоривме преку стабилен девизен курс на домашната валута, рече Бежовска.

Таа додаде дека клучни аспекти биле курсот, односно девизниот пазар и инфлациските притисоци.

-Уште кон крајот на 2021 година забележавме притисоци и оттогаш реагиравме со монетарната политика одржувајќи ја ликвидноста, истакна гувернерката.

Таа додаде дека како резултат на преземените мерки, особено во сегментот на енергијата и храната, инфлацијата за првпат се намалила во ноември минатата година и очекува овој тренд да продолжи. Бежовска очекува инфлацијата да се симна на едноцифрен број.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК