21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кутиров: Преку „Отворен Балкан“ ќе го намалиме чекањето на граничните премини, особено во туристичката сезона

Граничниот премин Табановце е најфреквентен премин во нашата држава, со тенденција на зголемување на бројот на движења како на товарни, така и на патнички моторни возила, информира директорката на Царинската Славица Кутиров, во интервју за „Капитал“. Таа додаде дека во изминатата 2022 година преку овој премин е забележан проток на 39% од увозот и 24% од извозот на стоки во државата.

– Притоа, во 2022 година 190.000 товарни моторни возила влегле во државата преку овој премин, што во просек значи над 500 товарни возила дневно. Состојбата со протокот на товарните возила е вообичаена, без поголеми задржувања на преминот. Во текот на летото, во екот на годишните одмори, кога се соочивме со огромен наплив на патнички возила, се реализираа повеќе активности за краток рок кои имаа за цел забрзување на протокот. На влез во државата овозможивме непречено да функционираат 10 ленти, од кои 2 за товарни возила, една за автобуси и 7 за патнички возила, што претставува максимален број на ленти за влез на постоечката инфраструктура, кажа Кутиров.

Таа истакна дека исто така, за товарните возила е воспоставена брза лента за празни камиони и камиони кои превезуваат стока со европски транзитен документ NCTS, коишто повеќе не е потребно да влегуваат во граничниот царински терминал на Табановце.

-Со поддршка од ЕВН надминат е и долгогодишниот проблем со прекини на електричната енергија на преминот, кој предизвикуваше повремени падови на системите за евиденција и контрола на самиот граничен премин. Во координација со колегите од Царинските управи и Гранична полиција од земјите од Отворен Балкан, се работи и на дополнителни олеснувања кои верувам дека ќе придонесат за намалување на времето на чекање на преминот, пред сѐ во текот на туристичката сезона, рече Кутиров.

Спонзорирано: