Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Ја повикал на кафе и започнал да ја допира, а потоа ја претепал – Скопјанец осомничен дека тешко повредил жена и ја држел заклучена

Против 60-годишен скопјанец Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривични дела – Тешка телесна повреда од член 131 став 1 и Противправно лишување од член 140 став 1 од Кривичниот законик.

На 23 јануари, во неговиот дом, осомничениот повикал на кафе една оштетена жена и започнал да ја допира. Кога оштетената го одбила и му кажала да ги тргне рацете од неа, осомничениот започнал физички да ја напаѓа и да ја удира со тупаници и клоци по главата и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – фрактури на носот, набиеници и хематоми. Потоа ја заклучил во неговиот дом за да не може да излезе и ја држел таму до следниот ден.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Можеби ќе ве интересира

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК

Претреси низ Македонија – лишени од слобода две лица

ДЕСК