Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

212 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (25.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 212 возачи. Од нив 10 возилa се движелe со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 120 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 92 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК