14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Цук: Опасност од поплавување на куќи во Зелениково и велешко нема, но истата не е надмината согласно временската прогноза

Центарот за управување со кризи преку Регионалниот ЦУК Град Скопје од 06,30 часот по остварениот контакт со градоначалникот на Општина Зелениково доби информација дека состојбата е стабилна и дека реката Вардар и дека излевањето е сопрено. Опасност се уште има, но денеска опасност за поплавување на куќи нема, како што имаше сношти кога ЦУК упати преку Секторот за операции и координација на Центарот за управување со кризи до раководните претставници на диспечерски центар на ЕЛЕМ и ЕСМ подружници ХЕЦ Козјак и Матка информација за опасноста од поплавување и барање до нив за да пристапат со контролирано производство на електрична енергија и оптимално, а што помало испуштање, на водата од браните „Козјак“ и „Матка“. Утрово ЦУК во координативна комуникација ги информираше за тековната состојба според која се продолжува со контролирано производство на електрична енергија.

Инаку, во Општина Зелениково, се уште има излеана вода надвор од коритото на Вардар од 15 до 20 метри на земјоделско земјиште во близина на река. Со тоа што во текот на ноќта немаше врнежи од дожд и имаше намалено контролирано и оптимално производство на електрична енергија, а со што помало испуштање на водата од браните „Козјак“ и „Матка“, водата на Вардар во еден дел се има и повлечено и поплавниот наплив – „бран“ е избегнат во Зелениково и во Велешко.

Опасноста од поплави во Македонија се уште не е надмината и состојбата е неодминливо да се следи од дежурните институции во локалните самоуправи – општини и правовремено да се информира, реагира и координира во рамки на можностите, заради тоа што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) преку временската прогноза најавува врнежи од снег на повисоките места и на пониските врнежи и од снег и од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 3, а максималната ќе достигне од 0 до 4 степени. Во петок попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) постојано ја следи состојбата преку регионалните центри и е во постојана координација со локалните институции коишто се дел од системот за управување со кризи. Инаку, било која појава или случај што претставува загрозување на граѓаните и материјалните добра во државата може тоа да го пријават на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Се препорачува внимателно движење покрај коритата на реките и суводолиците.