Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Страотна сообрќајка во Скопје: Се судрија мерцедес и корса, има повредени меѓу кои и малолетник

На 25.01.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ѓорче Петров“ и станбена улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, управувано од Б.С.(36) од с.Матка, скопско и патничко возило „мерцедес“, управувано од Б.Д.(40) од с.Горно Свиларе, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и двајца сопатници од возилото „мерцедес“, М.Д.(73) и малолетник од с.Горно Свиларе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК